Welcome to Orchard!

img


Ви нудиме вакцини со висок квалитет

Благодарение на одличната соработка со производителите на вакцини од брендот Sanofi Pasteur со почеток од 2011 година па до сега Елбијор успеа да донесе неколку високо квалитетни и тестирани вакцини на Македонскиот пазар. Ние нудиме вакцини за Б вирусот, хепатитис А, грип вакцина, вакцина за жолта треска, вакцина за инфекција предизвикана од С.Пнеумониа, вакцина за инфекција предизвикана од Х.вирус, вакцина против вирус од полиомиелитис и вакцина против беснило. Во прилог на опсегот на вакцини имаме pentovalent вакцина (Pentaxim).

22 години од основањето на ЕЛБИЈОР, 22 години посветеност

На 06 ти мај  се навршија 22 години од основањето на ЕЛБИЈОР. Во изминатите години благодарение на нашата професионалност и посветеност воспоставивме соработка со еминентни светски фармацевтски компании, донесовме на пазарот во Македонија производи со врвен и проверен квалитет со цел да ја задржиме Вашата доверба. 22 години ги снабдуваме и јавните и приватните здравствени установи со квалитетни лекови, потрошен материјал и вакцини.

img

img

ЕЛБИЈОР со најсовремена опрема за чување на биолошки лекови

Во согласност со одобрението и измена на решението за промет на големо со лекови и медицински помагала кое што е дополнето со одобрение за увоз, промет, чување и дистрибуција на фармацевтски препарати со биолошко потекло (вакцини, серуми) ЕЛБИЈОР поседува софистицирана опрема и простории за соодветно чување на вакцините и останатите биолошки лекови.